Студија: Микроорганизмите во телото на човекот влијаат врз тежината на ковид симптомите

0
62

Кинеските научници од Универзитетот во Хонг Конг објавија дека некои микроорганизми во системот за варање влијаат на одговорот на имунолошкиот систем на човекот и на тежината на болеста кај заразените лица со Ковид-19.

– Познато е дека заболените од Ковид-19 во својот гастро-интестинален тракт немаат некои добри бактерии, кои се познати како регулатори и стимулатори на човечкиот имунолошки систем, тврди д-р Сију Бг од Кинескиот Универзитет во Хонг Конг.

Таа во студијата објавена во научното списание „Гут“ наведува дека „дисбиос“ односно некои абнормални бактерии во нашиот систем за варање остануваат и по зазравувањето од Ковид-19 и влијаае врз развој на долгорочни стомачни заболувања.