Тетовската полиција пронајде украдено возило кое било пријавено на 1 јануари

0
72

Тетовските полицајци го нашле возилото кое било пријавено за украдено на првиот ден од 2021 година од страна на жител на селото Гургурница, Општина Брвеница. Возилото било најдено на една од тетовските улици, па вратено на сопственикот.

– Вчера околу 14 часот и 50 минути, на улица „Ѓоце Стојчевски” во Тетово било пронајдено патничко моторно возило „фолксфаген голф 4″ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Р.Л. (70) од тетовска Гургурница кое на први овој месец во Тетово било пријавено за одземено, инфомира портапролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Возилото по извршениот увид било вратено на сопственикот, а било најдено незаклучено со клучевите во бравата.