Тутунарите на протест пред Владата

0
60

Тутунарите излегоа на протест пред Владата. Незадоволни од ниската откупна цена и лошата проценка на тутунот побараа повторна средба со премиерот. Велат дека досегашните средби не вродиле со плод и на терен не се почитува договореното. Главното барање што ќе го достават до надлежните е линерано зголемување на субвенциите на 100 денари за килограм предаден тутун во откупните центри. Ова да важи за сите класи и за сите кои предале и допрва ќе го предаваат тутунот.

-Доколку продолжи ова што сега се случува веројатно дека после Велигден ние ќе имаме армија од 120-130.000 сиромашни тутунари бидејќи нивните семејства отприлика бројат толку членови. Луѓе коишто буквално ќе немаат скршен денар за егзистенција. Ќе мораме да купиме уште по едно торбиче и да тргнеме по селата да питачиме, вели Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор на тутунари.

-Вишок тутун нема, надворешен тутун има. Полна е Македонија со надворешен тутун и не е точно дека се само 1800 кг. Зашто го увезуваат однадвор, нека ни го дадат ние да го садиме а не тие да внесуваат кој колку сака, вели Џево Асани производител на тутун.

На протестот на тутунарите им се придружија и лозарите од Тиквешијата.

-Бидете сложни не отстапувајте. Ве поддржуваме во сите напори и без разлика кај ќе блокирате и ние ќе блокираме со вас, зошто е оваа мака. Па ние сме најсиромашниот народ – тутунарите и лозарите, вели Златан Стојчев лозар од Тиквешијата.

Ако не се изнајде решение за ниската откупна цена на тутунот производителите најавија нови протести низ целата држава.

СИТЕЛ