Уапсен дилер од Велес – Дома чувал марихуана, прашкаста и грутчеста дрога и дигитална вага:

0
71

Полицијата во Велес на 26 јануари го уапсила 41-годишниот велешанец Љ.Т. поради сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

По претходно добиени сознанија, а врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом, при што пронашле и одзеле неколку кутии и ќесиња со марихуана, бела прашеста материја, грутчеста материја, наменети за улична продажба, како и дигитална вага, евра и денари – информираат од МВР.

Љ.Т. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.