Уапсен млад гостиварец, нападнал девојка на сред улица

0
68

На улица „Ленинградска“ во Гостивар вчеравечер околу 22 часот и 45 минути полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 20-годишниот гостиварец М.М.

-Тој претходно во два наврати на улиците „Мара Угринова“ и „ЈНА“ во Гостивар, физички ја нападнал 22-годишната гостиварка А.М., информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Бил задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот, по што против него ќе следува соодветен поднесок.