Угостителите ќе работаат до 23 часот?

0
96

Работата на угостителските објекти за три дена ќе се врати во нормала до 21 часот, а веројатно ќе има и продолжување до 23 часот, најавува министерот за економија, Крешник Бектеши.

Последниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, но имајќи ја предвид ситуацијата, Бектеши очекува да им се излезе во пресрет на барањата на угостителите..

Бектеши на денешната прес-конференција ги прозентираше програмите за поддршка индустријата, занаетичиите, туризмот и домаќинствата.

– Годинава продолжува и финансиската поддршка за граѓаните, при што 130 илјади евра се предвидени за трошоците за сончеви термални колекторски системи во домаќинствата до 30 отсто, но не повеќе од 10.000 денари по домаќинство, или до 70 отсто, но не повеќе од 15.000 денари по домаќинство, за лица со ниски примања, рече Бектеши.