Уште трае новогодишната рејв- забава во Франција со 2.500 луѓе, полицијата немоќна

0
69

Забавата, која се одржува во магацин во Лиерон во близина на Рен во Бретања, започнала во четвртокот и се уште трае.

Голем број учесници се од Велика Британија и Шпанија, соопштила полицијата.

Гостите се судрија со полицијата, палејќи едно комбе и фрлајќи предмети кон полицајците кои се обидувале да го растурат настанот. Најмалку тројца полицајци се повредени.

Во соопштението на локалните власти се вели дека полицијата се обидела „да го спречи овој настан, но дека се соочила со жестоко непријателство од учесниците на забавата“.

Голем број луѓе спиеле кратко во своите автомобили, па се враќале на рејв забавата, пренесува Ле Монд.

Некои учесници изјавиле дека имаат намера да останат до недела, додека други изјавиле дека се надеваат да останат до вторник. Нема физичка дистанца на забавата, рекле некои од нив.

Доцна синоќа, францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин одржал кризен состанок за да разговара за настанот.

Франција воведе строги правила на новогодишната ноќ, вклучително и полициски час од 20 до 6 часот наутро.Повеќе од 100.000 полицајци ширум земјата ги растеруваа забавите и ги спроведувале правилата за полициски час.

Франција од почетокот на пандемијата регистрирала повеќе од 2,6 милиони случаи на коронавирус и 64.892 смртни случаи.