Фадил Зендели кандидат на Движењето БЕСА во Гостивар?!

0
109

 

 

По објавувањето на некои можни имиња за градоначалник во Тетово, сега започнаа пресметките за градоначалникот на Гостивар, пренесува Тетова Сот

 

Како што дознава порталот од извори во Движењето БЕСА, сегашниот пратеник на оваа партија, Фадил Зендели, кој е и заменик-претседател на собранието , ќе биде кандидат за градоначалник на градот Гостивар.

 

Според истиот извор, тие не прецизираат од кои политички субјекти кандидатот на Беса ќе има поддршка. Инаку, пред неколку дена овој портал информираше дека кандидат на Беса во Тетово ќе биде лекарот Скендер Саиди. Оваа информација не беше демантирана од ниту една страна.