Филипче – Ќе оперираме со роботска Да Винчи хирургија

0
86

Нов простор добија дневната болница и салата за киретажа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје.

Изминатите месеци интензивно работевме за да се опреми и оспособи една нова дневна болница во рамките на Клиниката за гинекологија и акушерство со оглед на тоа што сега Клиниката е и ковид-центар и навистина се намали просторот кој беше на располагање. Сега имаме современо опремен мини центар за изведување на мали интервенции. Тука се изведуваат абортусите со целосно опремени нови кревети, дневна болница која ќе биде на располагање на сите пациенти на кои им е потребна оваа интервенција. Центарот е опремен и со два гинеколошки стола, две машини за анестезија и значајно се зголемува капацитетот – изјави министерот за здравство Венко Филипче по посетата на Клиниката.

Разговаравме и за плановите за 2021 година. Еднаш најавивме, но тој план се одложи поради ковид кризата, а тоа е роботската Да Винчи хирургија. Во периодот кој е пред нас ја почнуваме постапката да се набави овој современ хируршки апарат – роботска хирургија каква што досега немало во земјата и ќе се користи најмногу од експертите од областа на гинекологијата и од специјалистите уролози со што значајно се зголемува квалитетот на здравствената услуга во еден сегмент кој досега го немало во нашата земја – додаде Филипче.