(ФОТО) Големи немири во Брисел, оган пред полициска станица, во пламен и полициски возила

0
91

Стотици граѓани се собраа пред полициската станица, во близина на железничката станица во северниот дел на Брисел, во знак на протест против смртта на еден млад човек (23) од африканско потекло, Ибрахим Барија, јави агенцијата Анадолија.

Демонстрантите во Брисел, главниот град на Белгија, го запалиле влезот на една полициска станица и полициско возило, а демонстрантите фрлале камења кон полициската станица, на што припадниците на безбедносните сили одговориле со употреба на воден топ.