ФОТО) Повторно се гради кај срушената дивоградба во ТЦ Мавровка, сега поинаку

0
109

Четири месеци по уривањето на дивоградбата на местото каде беше кафулето „Фонтана“ во ТЦ Мавровка, повторно „никнаа“ столбови. Но, разликата сега е што тие не се армирано-бетонски, туку наликуваат на метални профили.

Од Општина Чаир за „360 степени“ велат дека сопственикот има право, согласно првично поднесениот проект, на просторот да постави лесна конструкција.

„Согласно законот за градење, согласно проектот, сопственикот има дозвола да гo врати објектот во првобитната состојба. Нема бетон, столбовите не се бетонски, тоа е лесна конструкција“, велат од Општината.