ФОТО: Се „отвори земјата“ во Неапол, во дупката паднале автомобили, наредена евакуација

0
88

Огромен кратер се отворил сред градот Неапол во Италија. Дупката се отворила во близина на ковид центарот во овој град. Станува збор за дупка од 20 метри.

Исто така во неа паднале неколку автомобили кои биле паркирани на местото.

На лице место се наоѓаат пожарникари со кучиња трагачи за евентуално да најдат лица затрупани под асфалтот и земјата. Засега нема информација за исчезнати.

Кратерот оштетил кабли и цевки, а хостелот во близина бил евакуиран, како и зградата каде што биле сместени ковид пациенти.