Харадинај кажа што треба да направи Србија за да нема обединување на Албанија со Косово

0
102

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ABK), Рамуш Харадинај, одговори на изјавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој го нарече опасна личност, додавајќи дека дека „се додека се чини дека е опасно за Србија и нејзиниот претседател, Косово е на добар пат“.

„Не плашете се, господине Вучиќ. Не мора да бидете нервозни. Косово го бара само она што му припаѓа“.Постои еден многу едноставен начин, а тоа е Србија да го признае Косово како независна држава“.Косово и неговите граѓани се најпрозападни (ориентирани) и како такви не заслужуваат да бидат презрени, игнорирани и условувани до бесконечност“, напиша Харадинај на Фејсбук