Чеферин: Пласманот на Македонија на ЕП ме изненади, тие се одлична екипа!

0
102

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин даде интервју за српски „Информер“, во кое меѓу многуте други прашања се осврна и на Македонија. Словенецот на прашањето за земјите од балканскиот регион кои ќе играат на Европското првенство, издвои комплименти за нашата земја.

„Македонија ме изненади, играше во група со Словенија. Тие се добра екипа, одлично водена и супер е што се пласираа на Европско првенство. Една мала земја која нема добра економска ситуација доби шанса да се промовира. Ретко што може да го обедини народот во една земја како што можат спортските успеси“, изјави Чеферин.

uefa-nl-fudbal-makedonija-gruzija-14102020-7846.jpg

Во интервјуто за српскиот медиум, првиот човек на Европската куќа на фудбалот беше прашан за можноста да се оформат регионални лиги, поточно за една споена на екипи од поранешна Југославија.

„УЕФА размислува на регионални лиги, но не верувам дека во скоро време ќе може да се оформи таква на просториите на поранешна Југославија. Политичката ситуација е комплицирана, народот ги памети војните. Ако се прави регионална лига, пореално е да се формира една со Словенија и Хрватска, додека друга со Србија и другите земји“, заврши Словенецот.

Иако долго се шпекулира дека е можно формирање на лига која ќе го крене нивото на екипите од балканот, Александар Чеферин нагласи дека такво нешто е практично невозможно.