Шкотска се надева на независност и на членство во ЕУ

0
78

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска изјави дека се надева дека Шкотска ќе стекне независност и ќе може да се „приклучи“ кон Европската унија, истакнувајќи дека Брегзит е против желбите на Шкотите, која на референдумот во 2016 година гласаа против излегувањето од ЕУ.

„Сега минуваме низ тежок период на Брегзит против наша волја, во најлошиот можен момент, среде пандемија и економска рецесија“, напиша шкотската премиерка на веб страницата на својата партија СНП, два дена по излегувањето на Велика Британија од единствениот пазар и царинската унија.

Таа ја повтори решеноста да организира нов референдум за шкотската независност, по изјаснувањето во 2014 година, кога 55 отсто од Шкотланѓаните беа против независноста.

Меѓутоа, одлуката за организирање на таков референдум му останува на британскиот премиер Борис Џонсон кој одбива да го направи тоа.