Јанкуловска: На телевизија видов што се случува во собранието

0
71

Ова меѓудругото го кажа екс-минстерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешеното сведочење за 27 април, на кое беше спроведена од затворот Идризово, каде што издржува катвроска казна за наванката на блиндираниот мерцедес.

Таа, тогаш рече немала државна фунција а критичниот ден била во партијата, како член на раководството.. Неколку пати таму се сретнала и со Миле Јанакиески, еден од обвинетите во овој предмет, но не насетила дека нешто се поготвува.

“Со Миле неколку пати во текот на денот јадевме и пиевме и разговаравме на теми кои тогаш беа од наш интерес, во партијата ништо не се случуваше невообичаено. Јас во 17 часот си заминав од партијата и отидов дома, подготвив ручек и на телевизија видов што се случува, тогаш една ТВ емитуваше во живо од внатрешноста на Собранието”, сведочеше Гордана Јанкуловска, која тврдеше дека овој ден оставил траги кај сите нив.

Како сведок на одбраната во судницата денеска говореше и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров… Оцени дека на 27-ми април СДСМ биле физички, а ВМРО-ДПМНЕ политички жртви бидејќи насилството што се случило во Собранието не и одгоарало ниту на партијата, ниту на државата. Тодоров откри дека во тој период имало и разговори за широка коалиција.

„Ова за прв пат го зборувам. Ние имавме разговори за широка коалиција и затоа тој ден бев многу нервозен и растревожен. Ние бевме на добар пат за таа широка коалиција, која требаше да ја стави државата на патека за членство кон ЕУ и НАТО”, сведочеше Никола Тодоров, кој по рочиштето пред камерите не сакаше многу да зборува на оваа тема.

Тој и денеска, како и во претходнот процес за собраниските инциденти раскажа дека целата ноќ бил во Законодавниот дом и им помагал на своите колеги пратеници.

На денешнто рочиште предвидено е да се сослушаат 17 сведоци, меѓу кои пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев и експратеничката Даниела Рангелова.
КАНАЛ 5