Џејмс Пердју: Времето за тормозење на Северна Македонија заврши!

0
63

Поранешниот амбасадор на САД во Бугарија и еден од иницијаторите на Охридскиот договор, Џејмс Пердју, прашан за ветото на Софија истакна дека времето за тормозење на Северна Македонија е завршено. Тој во интервју за бугарската редакција на Дојче веле нагласи дека бугарската Влада направила грешка.

– Ги следам настаните на Балканот и ги чувствувам блиски и Бугарија и Северна Македонија. Мислам дека е грешка што бугарската влада го блокира процесот што овоможува пристап на Северна Македонија во Европската унија. Напротив, Бугарија мора да биде поддржувач на членството на Северна Македонија во ЕУ, а не противник. Бидејќи, влезот на Северна Македонија во ЕУ е дел од долгорочниот национален интерес на Бугарија. Сигурен сум дека Стејт Департментот ќе поддржи брзо решавање на проблемите меѓу Бугарија и Северна Македонија, иако темата се однесува и на партнерите – Европската унија и нејзините членки, смета Пердју.