Вучиќ и Борисов: Гасоводот „Балкански тек“ е исклучителен успех на две братски држави

0
91

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Бугарија, Бојко Борисов денеска изјавија дека завршувањето на изградбата на гасоводот „Балкански тек“ и неговото пуштање во употреба е исклучителен успех на двете пријателски и братски држави.

Во телефонскиот разговор, Вучиќ и Борисов особено истакнале дека ова е значаен подвиг, бидејќи работите беа успешно завршени во услови на пандемија на вирусот корона.

Премиерот Борисов му соопшти на претседателот Вучиќ важна вест за Србија и нејзините граѓани – дека штотуку е завршен првиот дел од автопатот од Софија до границата со Србија.

Целиот дел од Драгоман до Софија ќе биде изграден до крајот на 2021 година, што значи дека Србија со тоа ќе стане една од најважните земји на транзитната рута помеѓу Западна Европа и Истанбул.

Вучиќ и Борисов разговараа за натамошно подобрување на економската соработка, како и за разни регионални прашања.