Груби – Ја платив и казната за Ахмети

0
52

Првиот вицепремиер Артан Груби, во синоќешната емисија „Клик Плус“ на ТВ 21 истакна дека неговата казна во износ 500 евра , како и казната на лидерот на ДУИ, Али Ахмети од 20 евра, ги платил лично тој.

-Јас ја платив казната на Али Ахмети, другите сите сами си платија. Десет минути пред да се сликаме беше и Зоран Заев. Грешка беше. Беше еуфорија. Како сите граѓани и ние сме еднакви пред законот и си плативме казна, истакна Артан Груби во емисијата на ТВ 21.