Почна уривање на бунгаловите покрај езеро Треска

0
89

Со градежна механизација општина Сарај почна со уривање на запуштените бунгалови, тоалети, ресторани, гардероби и други содржини кои се околу езерото Треска.

„Камп-приколките во спортско рекреативниот центар Треска сеуште не се отстранети иако на крај од минатата година нивните сопственици добија 60 дена од општина Сарај да ги дислоцираат

Со ваквите активности општина Сарај на терен почна со реализација на Деталниот урбанистички план донесен при крај на минатата година.Со него се предвидува изградба на хотелски комплекс и викенд населба.