Придавката „македонски“ не се заменува со уставното име, тврди македонскиот тим во заедничката комисија со Бугарија

0
80

Категорично ги отфрламе невистините дека придавката „македонски” се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката „македонски” ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, нагласуваат за МИА од македонскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања.

 

 

-Членовите на македонскиот тим во Комисијата би сакале да ја информираат јавноста во однос на неточните и нецелосни информации кои се појавија во јавноста во врска со вчерашната виртуелна средба на која беше усогласен записникот од деветтата средба. Имено, категорично ги отфрламе невистините дека придавката македонски се заменува со уставното име Република Северна Македонија и дека придавката македонски ќе се користи само во цитатите на членовите на Комисијата, наведуваат од македонскиот тим на Комисијата.