Од наредната година ќе се започне со целосна реконструкција на автопатот Тетово – Гостивар

0
121

Од наредната година ќе се започне со целосна реконструкција на Автопатот Тетово – Гостивар, најави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Ќе се реконструира постоечката траса, а за патниот правец Гостивар – Тетово ќе се гради сосема нова траса.

Според Министерот Бочварски моментално се работи на решенијата за автопатот, а од наредната година ќе се започне со градежни активности на терен.

Постоечкиот автопат ќе се користи за правецот од Тетово до Гостивар, а обратно за реалацијата Гостивар –  Тетово ќе се гради сосема нова траса, додаде Бочварски.

Возачите со години се жалат на овој автопат, каде мора да плаќаат патарина, а не добиваат никаква услуга

Министерот Бочварски при денешната посета на Општина Тетово каде оствари средба со градоначалничката на Тетово Теута Арифи, најави реконструкција регионалниот пат Тетово – Јажинце изработка на проектна документација за изградба на обиколница за Тетово, како и реконструкција на повеќе  локални патишта низ повеќе општини од полошкиот регион