YouTube воведува една долгоочекувана опција

Јутјуб ја воведува долго очеуваната опција- можност за сечење и споделување на краток дел од одредено видео.

За сега, како што пишува „Digital Trends“, оваа функција е овозможена само за одреден број креатори на содржини кои учествуваат во бета програмата.

Скратувањето на видео снимките, моментално е возможно само преку Андроид и компјутер а самиот исечок може да трае од 5 до 60 секунди.

Кога ќе се одбере иконата со ножички, се појавува слајдер и потоа креаторите одбираат кој дел од видео снимката сакат да го исечат, и тогаш може да му дадат име до 140 карактери.