Адил Бакиу креаторот на vaksajns.mk повикан во полициска станица

0
31

Домаинот vaksajns.mk пред неколку дена го купил Адил Бакиу, како последица од изговорот на премиерот Зоран Заев на зборот вакцини, кој подоцна стана хит на социјалните мрежи.

Денеска Бакиу е повикан во полициска станица, токму поради делото кое го направил, иако секој може да закупи домаин на некој од македонските или странски хостинг компании.

Домеинот vaksajns.mk пренасочува кон официјалната страница на министерството за здравство каде што се наоѓа апликацијата преку која може да се пријавите за вакцинација.

Од МВР по завршувањето на постапката најавуваат повеќе детали, а случајот кај нив утрово бил пријавен од Министерството за здравство.

Бакиу половина час бил задржан во полициска станица.

„Во ПС само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни“, вели Бакиу.