Ако се обединат албанските партии ќе добијат повеќе општини – Беса и ДУИ со можна коалиција за освојување на општините Бутел и Чашка

0
113

Движењето Беса се подготвува сама да настапи на локалните избори, но остава отворена врата за соработка со албанските партии, особено во општините со кои може да раководат Албанци, доколку се спојат гласовите, вели првиот човек на Беса, Биљал Касами.

 

 

„Имаме општини, како што е општина Брвеница, Бутел, Чашка, каде Албанците… Општината Брвеница ќе можат да ја зачуваат или и о.Кичево каде ние како Движење Беса сме подготвени да седнеме и да разговараме со сите албански политички партии за да не се доведе во прашање дали со неа ќе раководи Албанец… Ќе ја разгледаме можноста за првпат една општина да биде водена од Албанци, како што е на пример о.Чашка или о.Бутел“, истакна Биљал Касами.

Арбр Адеми од ДУИ, вели дека се подготвени за вакви соработка со цел обединување на албанскиот политички фактор.

За фаворизација на Албанците и нивниот глас да биде поважен. И во минатото имаше вакви соработки, со заеднички листи за советници во Битола, Преспа, Гази Баба, и ова уште еднаш ги потврдува исправите политики и визија на претседателот Али Ахмети за соработка со Албанците и да не се разделуваме во повеќе политички партии“, вели Арбр Адеми.

Скендер Реџепи од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, вели дека се отворени за соработка со албанските партии за локални избори, но додава дека не им останала ниту една опција, бидејќи сите се на власт.

„Со оглед на тоа дека ДУИ е на власт, и другите се исто така на власт, нам како коалиција АА-ААА ни остана сами да се натпреваруваме на локалните избори. Без сомнение ќе ги добиеме албанските општини, немаме потреба од сателитски субјект кои својот идеал го „претопија“ во други политички субјекти“, додава Скендер Реџепи.

Локалните избори се очекува да се одржат на 3 октомври. Во моментов СДСМ раководи со 56 општини, ДУИ со 10, ВМРО-ДПМНЕ со 5, Алијаса за Албанците со 3, Беса, ДПА и ДПТ со по една, а со три општини раководат кандидатите предложени од група избирачи.