Антиковид вакцините ќе треба да се земаат секоја сезона

0
91

Антиковид вакцините порано или подоцна ќе пристигнат, но имунизацијата на населението нема да биде трајно. Ова е заклучок на Комората на лекари и Националниот комитет за имунизација. Според нив, вакцините ќе дадат имунитет за период од 6 до 9 месеци и потоа граѓаните повторно ќе се изложени на инфекции на нови мутации на корона вирусот. Претседателката на овој комитет, Александра Грозданова рече дека овие вакцини треба да се земаат секоја година редовно, како за сезонскиот грип.

Лекарската комора соопшти дека ризик од инфекција има и кај пациентите по приемот на првата доза, каде по 21 ден треба да ја примат втората доза. Директорката на оваа Комора, Калина Гривчева, потенцираше дека и по 10 дена од приемот на втората доза, треба да се внимава се додека не се создадат антитела во крвта. Но, Стоматолошката комора има специфични барања, бидејќи стоматолозите првично се ставени за вакцинација во втората фаза. Првиот човек на оваа комора Марјан Денковски вели дека стоматолозите се директно изложени на асимптоматски пациенти во ординации. Нивниот интерес е доволно голем за да се вакцинираат.