Бектеши – Србија набавува вакцини од Русија, но ние како држава се стремиме кон ЕУ

0
75

Србија набавува вакцини од Русија, но ние како држава се стремиме кон ЕУ, рече Крешник Бектеши, министерот за економија, синоќа во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, одговарајќи на прашањето зошто Македонија заостанува и досега не се пристигнати потребните дози за имунизација против Ковид-19.

 

Рече дека се обезбедени средства за вакцините што треба да се испорачуваат за Северна Македонија и додаде дека Министерството за здравство секојдневно има контакти со компании кои произведуваат вакцини.