Британската мутација во Данска откриена во речиси половина од позитивните тестови

Данска ја потврди британската мутација коронавирус во речиси половина од позитивните тестови во втората недела од февруари, изјави министерот за здравство Магнус Хеунике.
„Иако бројот на инфекции во Данска е намален, британската мутација се шири. Стапката на инфекција со оваа мутација, што покажува колку луѓе можат да бидат заразени од едно лице заразено со оваа варијанта, е 1,25″, напиша Хеунике на Твитер.
– Во првата недела од оваа година, британската мутација беше откриена кај 3,7 проценти од позитивните тестови, а во втората недела од февруари кај 45 проценти од сите позитивни тестови по анализата на генетскиот материјал, додаде данскиот министер.