Властите далеку од реализација на идејата сите службени возила да бидат електрични

0
65

Веста за целосна замена на службените возила на американската администрација со нови електрични возила одекна брзо во Македонија. Со цел да се исполни климатската агенда на новата американска влада, американскиот претседател  Бајден донесе одлука за замена на скоро 650 000 службени возила со електрични возила. Иако не е утврдена конкретна временска рамка и извршната наредба на Бајден не ја обврзува набавката на електрични возила, тоа значи дека во наредните години, САД ќе работат на ублажување на ефектите од климатската криза, давајќи пример.

„Мета.мк“ им постави прашања на државните и локалните власти на Македонија во врска со одлуката на американскиот претседател Бајден, особено ако се земе предвид фактот дека увозот на електрични возила во земјата е еднаков на статистичка грешка, додека потрошувачката на дизел масло, како најголем загадувач на воздухот, во последните години расте

Во врска со прашањето дали постои план на Владата на Македонија за постепено заменување на возниот парк на службени возила со електрични возила во наредниот период, го добивме овој одговор од Министерството за економија

„Владата на Република Северна Македонија има сериозен пристап кон ова прашање. Темата за евентуални набавки на возниот парк на Владата може да се ажурира по завршувањето на глобалната криза предизвикана од пандемијата. „Сите напори на Владата во овој период се насочени да им помогнат на сите и да ги ублажат последиците“, велат за „Мета.мк“ од извршната власт 

Од Здружението на единици на локална самоуправа (ЗЕЛС) велат дека замената на службените возила на општините со електрични возила не е разгледана како точка на дискусија на дневниот ред на Управниот совет на ЗЕЛС.

„Имаме информации дека некои единици на локалната самоуправа интензивно размислуваат да преземат чекори во оваа насока, додека некои веќе набавиле вакви возила пред некое време“, велат од ЗЕЛС.

Градот Скопје направи позитивен чекор во оваа насока во 2019 година, кога купи шест хибридни возила за потребите на администрацијата, со што ги замени претходните дизел возила кои имаат многу поголемо влијание врз загадувањето на воздухот во Скопје. Градоначалникот Петре Шилегов вети дека сè додека го води Градот Скопје, сите возила на градската администрација што треба да се купат ќе бидат електрични или хибридни.

Покрај кризата, електронскиот систем за јавни набавки покажува дека државните јавни претпријатија, акционерските друштва и другите државни и општински субјекти во последните месеци, за време на пандемијата „Ковид-19“, купија нови службени возила. Ниту еден од нив не е електричен. 

 

Сепак, од таа причина само во последните 2-3 месеци, според контролата направена од „Мета.мк“ во електронскиот систем за јавни набавки, може да се регистрира импресивен број договори за набавка на нафта за на возила на државни институции што е трошок што во иднина може да се намали ако се купат електрични возила.