Во светот расте интересот за руски и кинески вакцини

Додека земјите во светот ги подготвуваат своите програми за вакцинирање, Русија и Кина го пополнуваат „вакуумот за вакцини“ оставен отворен од Западот. Доцнењата во производството и убавите вести за нивните вакцини се чини дека им нудат на Русија и Кина подобра глобална позиција.

Една нова студија ѝ помогна на водечката руска вакцина против коронавирусот да се заборават критиките за нејзиното предвремено пуштање во употреба. Кон ова придонесе и фактот што многу земји се соочуваат со растечки логистички и политички предизвици за доставување вакцини.

Привремената анализа на резултатите од испитувањето во третата фаза на Спутник V, кои беа објавени на 2 февруари во меѓународното медицинско списание „Лансет“ откри дека вакцината е 91,6 проценти ефикасна против ковид-19. Тоа е приближно споредливо со заштитата што ја даваат досега водечките вакцини од западно производство.