Во Србија за вакцинација се пријавиле 850.000 лица

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Ѓерлек, денес изјави дека интересот за вакцинација е поголем од очекуваното и дека во моментов се пријавени над 850.000 лица.

„Почнува и ревакцинацијата и ние секогаш размислуваме чекор напред. Покрај пунктовите што ќе ги отвориме надвор од здравствените установи, ќе отвориме и пунктови во здравствените установи – тоа се клиничките центри, клиничко-болничките центри, здравствените центри, општите болници. Сакаме да ги зајакнеме капацитетите и да работиме на подобрување на организацијата за спроведување имунизација“, рече Ѓерлек.