Во српскиот град Лозница е уапсен најголемиот наркобос на Балканот

0
96

Во Србија е уапсен Насер Кељменди(63), најголемиот наркобос на Балканот.

 

Toj е уапсен денес во Лозница. Почнал како шверцер на текстил, а потоа се занимавал со шверц со наркотици. Семејството Кељменди, таткото Насер и синовите Лиридон, Бесник и Елвис, живееле во Пеќ, Косово. Покрај Насер, на списокот има и некои од најголемите имиња во криминалните картели од Мексико и Латинска Америка. Во ноември лани весникот Дан објави дека член на групата на Кељменди му се заканувал на претседателот на граѓанското движење УРА, Дритан Абазовиќ. Според Дан, лицето кое му се заканувало на Абазовиќ е лице со црногорски документи и живее на Косово.

 

Насер коj e со косовско потекло, исто така е и државјанин и на Босна и Херцеговина, но делокругот на неговиот бизнис (и легален и нелегален) се протега на Црна Гора, каде што тој поседува голем број недвижнини, како и хотел на плажата во Улцињ, под име „Каза град“. Насер е сопственик на истоимениот хотел во Илиџа. Според подароците на БИА, тој работел и за кланот Метохија предводен од екс косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Во текот на 90-тите години, беше еден од главните финансиери на ОВК. територијата на Пеќ. Тој донираше пари за изградба на џамија во близина на Сараево, но тамошната исламска заедница тврдеше дека немаат можност да ги проверат парите што им ги дадоа донаторите.