Во угостителски објект во Тетово затекнати 100 гости, приведен управител

0
92

Во угостителски објект во Тетово вчера биле затекнати 100 гости, а полицијата го приведе управителот за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Вчера во 14.20 часот во Тетово приведен е Е.Х.(25) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Во период од 13.30 до 14.30 часот при спроведена акциска контрола на полициски службеници со инспектори од Државниот пазарен инспекторат било констатирано дека во угостителскиот објект во Тетово на кој што Е.Х. бил управител биле затекнати околу 100 лица, спротивно на законот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок