Во Центар Жупа нападнати полицајци

0
40

Четворица жители на општина Центар Жупа добија  кривични пријави бидејќи откако имале меѓусебна физичка пресметка, нападнале и полицајци при службено постапување.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,насилство“ и „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“, Одделението за внатрешни рабори од Дебар поднесе кривична пријава против четворица жители на општина Центар Жупа. Станува збор за Ф.А.(37) од селото Житинени, А.А.(39) од селото Голем Папрадник, како и С.Ф.(27) и Д.Ф.(50) и двајцата од селото Мал Папрадник, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Како што посочи, на 28 декември минатата година во Центар Жупа, прво и второпријавените, физички ги нападнале третопријавениот и неговата сопруга, по што настанала меѓусебна физичка пресметка.

Покрај  тоа, додаде Димоски, тие физички нападнале полицски службеник кој се обидел,во рамки на неговите овластувања, да преземе соодветни службени дејствија.