Грчките студенти со молотови коктели, полицијата со солзавец

0
125

Грчката полиција со солзавец се обиде да ги растера демонстрантите кои протестираа против новиот предлог закон за високо образование, јавува новинската агенција МИА. Студентите кои протестираа се обидоа да го пробијат полицискиот кордон пред зградата на Парламентот во Атина.

Студентите фрлаа со молотови коктели и камења, по што полицијата возврати со солзавец и шок бомби. Демонстрантите се уште се собрани на плоштадот Синтагма. На протестот присуствувале и ученици од основните училишта и универзитетски персонал.

Предлог-законот воведува промени во системот за прием во високото образование, ограничено време за студирање, односно на шест години за оние што се на факултетите со четири години и осум и девет години за високото образование што трае пет, односно шест години.