Даути: Не можете да се наречете демократска држава, кога на илјадници граѓани им е ускратено правото на државјанство

0
92

Илире Даути од Алијансата за Албанците во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон …“ на Алсат рече дека албанските политички партии првично ја поддржаа потребата за одобрување на законот за државјанство предложен од коалицијата АШ-ААА, сепак подоцна овие субјекти отстапија од нивните првични ставови. За пратеничката Даути е неприфатливо да се презентираме пред светот за демократска држава, дури и со потпишување на многу меѓународни конвенции за човекови права, додека во пракса ситуацијата е сосема поинаква, а тоа најдобро се рефлектира со големиот број луѓе кои не уживаат право на државјанство.

„Работите што ги правиме за да се појавиме во очите на светот како држава што е можно подемократска, мора да ги направиме во пракса бидејќи за жал податоците покажуваат дека имаме илјадници граѓани кои не уживаат право на државјанство. Овие граѓани, на кои им недостасува правна врска со државата може да се сметаат како непостоечки лица наместо да се граѓани во целосна смисла на зборот. Врз основа на ова, АШ и ААА иницираа измени во Законот за државјанство“, рече Илире Даути, пратеник од АA.