Димитров: Македонската кауза е моја мисија

0
58

Вицепремиерот Димитров  истакна дека во МНР е од 1 август 1996 година и од тогаш до 3 февруари 2021 година – негова мисија е македонската кауза, а во однос на заштитата на македонскиот идентитет и јазик посочи дека македонскиот јазик што го изгубивте во 2006 година е вратен лани во нацрт-преговарачката рамка.

-Јас не сум бил член и уште не сум на ниту една политичка партија. Мене македонската кауза ми е животен повик. Ајде сега да видиме таа кауза каде беше претходно, со сите грешки и слепила направени од слепила, дали зла намера не сакам да верувам, каде е денеска… Бевме Поранешна Југословенска Република Македонија во светското семејство и во сите меѓународни владини организации, државјанството ни беше на ФИРОМ… Денес сме Македонија и на Република Македонија, не сме Тунгузија, нашата држава, нашата територија за која немаме спорови е во северниот дел на регионот, поширок регион Македонија, заедно со други држави… Македонскиот јазик си е во нашата лична карта и ја заокруживме државноста и членството во Обединетите Нации, рече Димитров.

Тој реплицираше во рамки на собраниската расправа на пратеничката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Рахела Мизрахи која истакна дека Димитров не само што ја загрозил европската иднина туку и европската перспектива на државата.