Директорот на Шутка откри како е сместен Сашо Мијалков и што се презема за него

Филип Андонов, директорот на затворот за „Фокус“ појаснува дека Мијалков поради здравствените протоколи за Ковид-19 моментално е сам, а се превземаат и засилени безбедносни мерки.

-Лицето Сашо Мијалков е примено во одделението за издржување на мерка притвор во КПУ Затвор Скопје на ден 26.02.2021 година во 16:00 часот врз основа на решение на Основен кривичен суд Скопје – Скопје, со кое му е определена мерка притвор.

Притвореното лице е сместено во одделението за издржување мерка притвор. За притворениот се преземаат засилени безбедносни мерки, во согласност со сите процедури и воспоставени стандарди. Дополнително се прават и чести контроли.

Веднаш по приемот во установата, поради здравствените протоколи Сашо Мијалков како и сите други нови притворени лица е сместен сам, изјави директорот Андов за „Фокус“.