Етничката припадност на иселените може да ја кажат и блиските!?

0
86

Доколку продолжат недоразбирањата помеѓу директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски и неговиот заменик Иљми Селами, околу тоа дали податоците за националната, религиската и јазичната припадност може да ги даде само лично попишуваното лице, а не и некој друг во негово име, секогаш постои опцијата да се побара автентично толкување на Законот за попис – вели пратеничката од редовите на СДСМ Славјанка Петровска.

Петровска за „Слободен печат“ изјави дека за неа е неприфатливо толкувањето на директорот на Државнито завод за статистика Симовски, дека националност, религија и јазик може лично да ги даде само попишуваното лице. 

– Законот за пописот кој е донесен во Собраението е јасен. Членот 8 дефинира, дека лице кое најмногу познава друго лице со негова согласност може да го попише во отсутство. Притоа во Законот не е наведено никаде кои податоци не смее да ги дава. Со тоа се упатува дека сите податоци кои попишувачот ќе ги побара, лицето е должно да ги даде со точност. Апелирам, доколку постои било какво недоразбирање тоа да биде решено преку автентично толкување на Законот, во процедура која ќе овозможи целосен легитимитет во сапроведувањето на пописот. Тоа се прави со поднесување на автентично толкување во Собранието – вели Петровска за „Слободен печат“.