Заев: Доцниме со реформите, но нема да избрзаме

0
34

Целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел инспириран од образовните системи на развиени земји во светот и со нашите автентични состојби да создадеме национален, македонски модел на основното образование.

Вака премиерот Зоран Заев накусо ја отслика предлог-концепцијата за основно образование на јавната собраниска расправа што започна денеска.

„Целта на реформата е да го осовремениме нашето образование со нов модел на наставата кој е инспириран од образовните системи на развиени земји во Европа и светот, но имајќи предвид нашите автентични општествено-економски состојби. Сакаме да создадеме современ национален, македонски модел на основното образование, рече премиерот Заев.
Според него, треба да се имаат предвид македонските специфичности и концептот „Едно општество за сите”.

„Слушам дека брзаме со образовната реформа, но јас мислам дека доцниме. Тие требаше да се случат пред десетина години, зашто паралелно со брзиот развој во сите општествени сфери, се потребни динамични и прогресивни промени во образовниот процес. Сепак, треба да се биде внимателен и нема да избрзуваме, ќе работиме на тоа да дизајнираме најсоодветна образовна реформа, која е во најдобар интерес за децата. Со таков иновативен и применлив образовен модел, да му овозможиме на секое дете преку образованието да го постигне својот максимален потенцијал. Реформите за првпат се прават на транспарентен начин и со вклученост на сите страни, со цел и да се расчистат некои дезинформации во однос на првичниот нацрт на концепцијата”, рече премиерот.