Заев: Му реков на Груевски дека тој знае сè за неправилностите на изборите во 2014 година

0
54

Премиерот, Зоран Заев денеска во Кривичниот суд сведочеше за случајот „Титаник“.

Имено, Заев во судницата рече дека единствениот договор што го склучил со Никола Груевски е поврзан со измените во Изборниот закон.

Исто така, Заев како што посочи самиот тој тогаш му рекол нжна Груевски дека знае за сите нерегуларности на изборите во 2014 година.

Тој истакна дека изборните нерегуларности извршени од тогашната владејачка партија ги извршиле инспектори и инспекциски служби.

„Државниот пазарен инспекторат, Инспекторатот за труд и ДОП извршија притисок врз правните лица да бидат казнети доколку сопствениците на компаниите и повеќето вработени не гласаат за владејачката партија“, рече Заев и додаде дека во тоа е вклучена и Финансиската полиција.