Заев упорен дека попис мора да се спроведе, Мицковски бара одложување за другата година

0
71

„Сакам да испратам порака да бидеме одговорни и да го спроведеме пописот. Наша должност е да се попишеме сите, законот тоа го предвидува, тоа е исто така меѓународна пракса и апелирам вклучување на најголемата опозициска партија во оваа одговорна операција, затоа што последиците од било какви девијантни појави што може да се јават преку неодговорно однесување, може да бидат непоправливи.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев на прашањето дали е можен компромис со опозицијата.

Тој нагласи дека Македонија е една од ретките држави во светото каде попис нема 20 години, но рече дека сите сугестии се разгледуваат.

„Најголемата опозициона партија не го поддржа Законот за попис. Граѓаните треба да знаат дека при отворање на прифатен амандман значи бесконечно отворање и блокирање на законот за попис. Сугестиите што дојдоа се обидовме најдобронамерно да ги прифатиме и да можеме да ги вградиме, како што се отпечатоците од прст. Сериозно се разгледуваат сите други сугестии што беа дадени, како што е електронски попис, но електронски попис не дава одговор на постоење на информации во базите на податоци за верска определба, за етничка определба, за податоци за нашите граѓани од дијаспората односно нерезидентни сите тие кои се повеќе од една година надвор од државата, како што е вкупен број на семејството и други податоци”, рече Заев.

Инаку претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски побара одложување на пописот за 2022 година или пка истиот да се спроведе оваа година, но по електронски пат.

-Македонија е закована убедливо на дното или на врвот, по бројот на лицата кои што се инфицирани и по бројот на луѓето кои што за жал го загубија животот поради неспособноста на власта за справување со Ковид-19. Бидејќи кај нас пописот е невозможно да се случи есента 2021 година поради локалните избори и кампањата која што тогаш ќе се случува, апелираме до Владата и до Собранието на разум, да се грижат за здравјето на граѓаните и да го одложат пописот за пролета 2022 година, рече Мицкоски на денешната прес-конференција.