За едните вакцини се чека документација, за другите кинеската Нова година

0
38

. За вакцините на Фајзер коишто треба да пристигнат од Србија се чека техничка документација, за вакцините на Синофарм, пак, ќе се почека најпрво да помине кинеската Нова година. Иако деновиве граѓаните поитаа да се регистрираат и да фатат термин за вакцинација, сепак неизвесно е кога ќе започне имунизацијата на населението против Ковид -19.

Двесте илјади кинески вакцини од производителот „Синофарм“ ќе стасаат во земјава по 18 февруари откако ќе заврши кинеската Нова година, најави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање. „Вакцините од кинеската компанија „Синофарм“ ќе стигнат во Македонија по завршувањето на кинеската Нова година. Владата денеска го врши плаќањето за дозите, а тие ќе пристигнат по 18 февруари. До крајот на месецов вакцината ќе стигне во земјава“, рече Заев.