Зголемeн бројот на новите коронаинфекции во Македонија, намален на починати, процентот на позитивните од тестираните како и минатата седмица

0
56

Според седумденвниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 25-ти до 31-ви јануари 2021 година, тестирани се вкупно 13.742 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 24,5 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.036 нови позитивни случаи од 33 градови во државата со зголемување од 17,9 проценти во однос на минатата седмица.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=984; 48,3%), со неделна инциденца – 159,3 на 100.000 жители. Највисока неделна инциденца од 611,4/100.000 е регистрирана во Демир Капија.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 18 осто, или во просек 14 проценти, што е идентичен показател како и претходната седмица.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=540, 26,5%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=368; 18,1%), 50-59  (n=365; 17,9%), 30-39 (n=374; 18,4%) и 20-29 (n=251; 12,3%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=41; 2,0%) и 10-19 години (n=97; 4,8%).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 2.977 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 41,4 отсто помалку во споредба со минатата седмица.

Пријавени се 64 смртни случаи од 18 града, со намалување од 7,2 проценти во однос на минатата седмица. Во однос на возраста, 55 лицa биле над 60 години, 6 лица на возраст од 50-59 години и 3 лица на возраст од 40-49 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Covid-19 за периодот од 25 до 31 јануари 2021 година, како и кумулативната состојба со Covidд-19 во Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.