Израел од утре ќе ги вакцинира сите над 16 годишна возраст

0
40

Според портпаролот на една од четирите здравствени организации, Меухедет, Министерството издало препорака „во светло на вчерашната проценка на состојбата“ во земјата, „сите возрасни групи најверојатно ќе започнат со вакцинирање од утре ”

Министерството во изјава препорачало дека, иако вакцината ќе биде достапна за секого, а треба да се обрне посебно внимание на луѓето над 50 години, како и на оние кои не можат да ги напуштат своите домови.

Вакцината во моментот е достапна за секој на возраст од 35 години и повеќе, како и за тинејџери на возраст од 16 до 18 години, за да им се овозможи да полагаат испити.

Во Израел, повеќе од 3,2 милиони луѓе ја примиле првата доза на вакцината, а над 1,9 милиони веќе ја примиле втората доза.

И покрај затворањето на земјата на национално ниво, бројките поврзани со коронавирус остануваат високи.

Министерството денеска објави дека во последните 24 часа се пријавени 7.919 нови случаи на инфекција.

Иако во Израел во моментов има најголем број на вакцинирани лица по глава на жител, неодамна се намалила побарувачката за вакцина, јави ДПА, повикувајќи се на официјални извори.

Официјални лица сметаат дека мутациите се причина за постојаната стапка на инфекција.

Сепак, има сериозни прекршувања на мерките за затворање, а во некои случаи и неуспех да се спроведат пропишаните мерки.