Искуства од Србија: Со „Фајзер“ побрзо се создаваат антитела, додека со „Синофарм“ се потребни 40 дена

0
91

Кога е најдобро да се направи проверка на антитела, што значи да се прими една, а што две дози од некоја од вакцините против ковид-19 и колку долго трае имунитетот од вакцините

Двајца лекари од Србија, д-р Радан Стојановиќ, професор по клиничка фармакологија на Медицинскиот факултет и Марија Гњатовиќ од Институтот за примена на нуклеарна енергија, врз основа на искуствата од нивната земја, тврдат дека по примањето на вакцината „Фајзер“, антителата се формираат побрзо, додека кај „Синофарм“ треба да поминат околу 40 дена по втората доза.

 

 

„Кинеската е класична вакцина преку која се внесува целосен протеински материјал и се очекува да произведе одговор, но тоа се случува подоцна во споредба со ‘Фајзер’ и ‘Спутник’, кои носат изолиран протеин кој е клучен за производство на антитела. Се очекува дека 100 проценти од вакцинираните ќе развијат антитела околу 40 дена по втората доза, и една доза од вакцината не е доволна за да се создаде имунолошки одговор“

Преземено од 360 степени