Испратено барање до Софија за екстрадиција на Игор Спасов

0
30

Министерствотo за правда испрати барање за екстрадиција на специјалецот Игор Спасов кој е осуден за убиство на Мартин. Документот е испратен вчера и се бара бугарските власти да го екстрадираат Спасов откако беше уапсен во Софија. Тамошната полиција го уапси откако беше пријавен за семејно насилство. Спасов е во бегство од октомври 2019 година, откако доби отпуст од затвор за да се лекува. Тој потоа никогаш не се врати да ја доотслужи преостанатата казна од 7 години. Спасов беше осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешковски на 5 јуни 2011 кога ВМРО ДПМНЕ славеше изборна победа на плоштадот во Скопје.