Кина одобри донација од 30.000 вакцини за Црна Гора

0
82

Кина одобри донација од 30.000 дози вакцина Синофарм за Црна Гора, што наскоро треба да пристигнат во земјата, објавила Владата на Црна Гора.

Во соопштението се наведува дека кинеските власти ја одобриле донацијата откако биле контактирани од црногорската влада и покрај ограничените капацитети на производство на вакцините во Кина и на глобално ниво.

 

Посочувајќи дека повеќе од 40 земји побарале кинеска вакцина, владата посочила дека кинеските власти ги поддржуваат нивните производители да преговараат со надлежните органи во Црна Гора за набавка и одлучиле да ги одобрат бараните количини во форма на донација, пренесува Танјуг .

 

Во соопштението се потсетува дека Кина учествува во иницијативата COVAX на Светската здравствена организација и ќе им обезбеди 10 милиони дози вакцини.

 

„Кина исто така обезбедува извоз на вакцини во земји кои се во вонредна состојба и кои ја одобрија нивната итна употреба. Оваа ситуација ја потврдува најавата на кинескиот претседател Си Џинпинг дека кинеската вакцина против короната ќе стане глобален јавен производ и кинески придонес за обезбедување пристапност на вакцините до земјите во развој “, се вели во соопштението.

 

Донацијата на Кина за Црна Гора и меѓусебните односи од почетокот на пандемијата се уште една потврда и знак за дополнително зајакнување на традиционалното пријателство меѓу двете земји и народи, се заклучува во соопштението