Кривична пријава за 14 учесници во протестите за ,,Монструм‘‘

0
31

МВР идентификуваше уште 14 лица учесници во протестите за Монструм. Против сите ќе бидат поднесени кривични пријави за учество во инцидентите и за уништување на зградата на МНР, автомобилите на МВР и нападите врз полицијата.

„Демократско право е протестот, но непочитувањето на законските прописи мора да бидат санкционирани. Во единицата за насилен криминал беа идентификувани и вчера повикани 14 лица на разговор, и ќе им бидат поднесени пријави. Сите тие се полнолетни, освен едно лице кое беше повикано на разговорот со присуство на родител“ рече Спасовски.