КУРТИ – ПРЕКУ ТУНЕЛ ЌЕ ГО ПОВРЗЕМЕ ТЕТОВО СО ПРИЗРЕН

0
172

Лидерот на Движењето Самоопределување, Албин Курти, изјави дека ќе започне со подготовка на проектот што ќе го поврзе Призрен со Тетово преку тунелот.

Курти ова го рече за време на митингот во Призрен, град за кој вети поголем буџет од следната влада на Косово. Кандидатот за премиер на земјата Албин Курти и вршителот на должноста претседател, Вјоса Османи, кој се натпреварува на овие избори како дел од коалицијата денеска се сретнаа со граѓаните на Призрен

Преку албанските политичари од северна Македонија, Курти ги повика тамошните Албанци, кои имаат косовско државјанство, да дојдат во Косово на 14 февруари да гласаат.

Ќе стартуваме со подготовка на проект што ќе го поврзува Призрен со Тетово со тунел, бидејќи како што се вели, Призрен и Тетово беа еден град висок на небото, но кога паднаа на земја, Шар планина ги подели на два дела и сега ние треба да ги поврземе   Призрен е најмногу дискриминиран од сите општини во Косово во однос на буџетот кој најнизок буџет по глава на жител, рече Курти.